НОВО ПРИВАТНО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ – ОД ПОНЕДЕЛНИК ДО СРЕДА ОТВОРЕНИ ДЕНОВИ ЗА ИДНИТЕ СРЕДНОШКОЛЦИ ВО „МЕЃУНАРОДНО УЧИЛИШТЕ СКОПЈЕ“

    НОВО ПРИВАТНО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ – ОД ПОНЕДЕЛНИК ДО СРЕДА ОТВОРЕНИ ДЕНОВИ ЗА ИДНИТЕ СРЕДНОШКОЛЦИ ВО „МЕЃУНАРОДНО УЧИЛИШТЕ СКОПЈЕ“За учебната 2022/2023 година ќе се додели една целосна и 10 делумни стипендии за упис во прва година и 30 делумни стипендии за упис во втора, трета и четврта година.(Фото: СДК.МК)

    Од септември во Скопје се отвора ново приватно средно училиште – „Меѓународно училиште Скопје“, во просториите на Центарот за странски јазици во скопската населба Карпош 1.

    Училиштето на 30, 31 мај и 1 јуни од 16 до 19 часот ќе организира отворени денови за идните средношколци да можат одблиску да се запознаат со нивната програма, условите за упис и можностите за добивање стипендија. За учебната 2022/2023 година ќе се додели една целосна и 10 делумни стипендии за упис во прва година и 30 делумни стипендии за упис во втора, трета и четврта година.

    Учениците кои сакаат да се запознаат со програмата на училиштето можат да ја посетат нивната веб стран www.iss.edu.mk

    „Програмите според кои ќе се учи се специјално дизајнирани и им помагаат на учениците најлесно да ја изберат својата идна професија, а соработката со голем број светски реномирани универзитети ќе им помогне на учениците да ги следат и да ги исполнат своите соништа. Меѓународно училиште Скопје ветува средина во која секој ученик ќе биде почитуван и ценет. Ова меѓународно средно училиште ќе биде место кое ќе ги направи учениците љубопитни и критички настроени“, велат од Меѓународно училиште Скопје.

    Во рамките на додатната настава, училиштето има Програма за понатамошен развој чија цел е да понуди мотивирачки и необични активности кои ги подготвуваат учениците да развијат нова вештина, да пробаат нешто ново и да истражат нови можности. Програмата за понатамошен развој опфаќа широк спектар на дисциплини, без разлика дали се поврзани со спортот, уметноста, музиката или изведбата и ги поттикнува учениците да ги развијат своите потенцијали.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира