ЊУЈОРШКИ ХИРУРЗИ ПРВПАТ УСПЕАЈА ДА ПРЕСАДАТ ЦЕЛО ОКО

    ЊУЈОРШКИ ХИРУРЗИ ПРВПАТ УСПЕАЈА ДА ПРЕСАДАТ ЦЕЛО ОКООперацијата изведена врз Арон Луис траела 21 час (Фото: АП)

    Хирурзите во Њујорк ја направија првата целосна трансплантација на око на светот, што беше опишано како голем напредок, иако пациентот не го повратил видот на тоа око.

    Шест месеци по операцијата, изведена при делумна трансплантација на лице, пресаденото око покажало важни знаци на здравје, како добро функционирање на крвните садови и надежна мрежница. Пресаденото око моментално не комуницира со мозокот преку оптичкиот нерв.

    Самиот факт дека пресадивме цело око е огромен чекор напред, нешто што се посакувало со векови, но досега не било изведено“, изјави д-р Едуардо Родригес, кој го водеше тимот.

    Лекарите досега успевале да ја пресадат само рожницата.

    Примателот на окото е 46-годишниот Арон Џејмс, кој преживеал силен електричен удар, кој му ги уништил левиот дел од лицето, носот и устата. Операцијата траела 21 час.

    Доколку имаше одредено враќање на видот, тоа ќе беше прекрасно, но нашата цел беше да изведеме техничка операција“, додаде Родригес.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира