Британското кралско семејство ги објави првите две официјални фотографии од новородениот принц Луис рано во недела наутро.
Луис кој е петти во редот до британската круна беше роден на 23 април со тежина од 3,83 килограми.
Двете фотографии се направени во Палатата Кенсингтон од мајката Кејт, сопруа на Принцот Вилијам, внук на Кралицата Елизабета. Првата фотографија е направена на 26 април со принцот облечен во бел џемпер и панталони, а втората е направена на 2 мај кога беше третиот роденден на неговата сестра прицезата Шарлот. На оваа фотографија принцезата го држи в раце братот, принцот Луис.
Официјални лица на Палатата објавија дека новиот принц Луис нема да им се придружи на останатите членови од британското кралско семејство на 19 мај кога е закажана свадбата на неговиот вујко, принцот Хари, кој ќе се жени со американската глумица Меган Маркл.