„ОХРИДСКА БАНКА“ ГИ КАНИ СТУДЕНТИТЕ НА БЕСПЛАТНА ЛЕТНА ШКОЛА ЗА МЛАДИ БАНКАРИ ВО ОХРИД

    „ОХРИДСКА БАНКА“ ГИ КАНИ СТУДЕНТИТЕ НА БЕСПЛАТНА ЛЕТНА ШКОЛА ЗА МЛАДИ БАНКАРИ ВО ОХРИДЗаинтересираните кандидати можат да се пријавуваат за учество до 31 мај.(Фото: Охридска банка)

    Од први до 28 јули „Охридска банка Сосиете Женерал“ ќе организира летна школа за млади банкари „Биди банкар“. Четиринеделната школа е наменета за сите студенти од последна година студии.

    Заинтересираните кандидати можат да се пријавуваат за учество до 31 мај. Од банката информираат дека за сите избрани учесници се покриени трошоците за сместување и храна за време на обуката.

    „‚Биди Банкар‘ е уникатна летна школа која нуди интензивна програма составена од реална практична работа, настава, тематски предавања, работилници за студија на случај, работа во секторите на Охридска банка Сосиете Женерал, a овозможува и предавања од врвни банкари, докажани професионалци од реномирани компании, како и интеракција, забава и натпревар“, информираат од банката.

    Летната школа „Биди банкар“ се организира трета година по ред и ќе се одржува во Охрид.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира