ОКОЛУ 500 ЛУЃЕ НА СЕМИНАРОТ НА МОТИВАЦИСКАТА ГОВОРНИЧКА АНА БУЧЕВИЌ ОД ХРВАТСКА ВО СКОПЈЕ

    ОКОЛУ 500 ЛУЃЕ НА СЕМИНАРОТ НА МОТИВАЦИСКАТА ГОВОРНИЧКА АНА БУЧЕВИЌ ОД ХРВАТСКА ВО СКОПЈЕГоворите и мотивациите на Бучевиќ дека секој е способен да го креира својот живот повеќето од присутните на семинарот ги следеа расплакани. (Фото: Антолог)

    Околу 500 луѓе присуствуваа на семинарот на мотивациската говорничка Ана Бучевиќ од Хрватска која во саботата зборуваше на тема „Станете свесен креатор“.

    Пред полната сала во хотелот „Холидеј ин“, Бучевиќ говореше за љубовта, законот на привлекување, позитивните вибрации, воспитување на децата, а одговараше и на прашањата на присутните кои споделуваа животни приказни и бараа совети. Говорите и мотивациите на Бучевиќ дека секој е способен да го креира својот живот повеќето од присутните на семинарот ги следеа расплакани.

    Семинарот беше во организација на издавачката куќа „Антолог“ која на македонски јазик ги има издадено трите книги на авторката, „Сафари на духот – книга за мудроста на воспитувањето деца“, „Во вортексот на остварените желби“ и „Што (не) е љубов“.

     

    „Вие сте господа луѓе. Сум била низ целиот регион, ваква енергија и атмосфера не сум доживеала. Секое прашање кое ми го поставивте беше суштинско и длабоко. Скопје ви благодарам на љубовта. Се гледаме наскоро“, им рече Бучевиќ на околу 500 присутни на семинарот.

    Семинарот беше во организација на издавачката куќа „Антолог“ која на македонски јазик ги има издадено трите книги на авторката, „Сафари на духот – книга за мудроста на воспитувањето деца“, „Во вортексот на остварените желби“ и „Што (не) е љубов“.

    Ана Бучевиќ е мотивациски говорник од Хрватска. Мотивациски говори почнува да држи од 2012 година. Има и свој канал на „Јутјуб“-„Сафари на духот“ на кој секојдневно објавува мотивациски видеа и има над 17 милиони прегледи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира