ОПЕРИРАВ СО КОЛЕГИТЕ ЗА ДЕНОТ НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ, ВЕЛИ МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ

    ОПЕРИРАВ СО КОЛЕГИТЕ ЗА ДЕНОТ НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ, ВЕЛИ МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕИнтервенцијата ја изведовме со колегите од Радиологија, бидејќи се работеше со помош на ангиограф и без анестезија, односно пациентот беше буден“ - Венко Филипче во операционата сала (Фото: Министерство за здравство)

    Министерот за здравство Венко Филипче, кој е неврохируг, на својата фејсбук страница објави дека утрово заедно со колегите од Клиниката за радиологија успешно извеле ендоваскуларна интервенција на крвните садови во мозокот кај повозрасен пациент и со оваа објава го честиташе Светскиот ден на здравјето 7 април.

    Тој изјави дека интервенцијата минала успешно и дека пациентот е во добра состојба. Министерот објасни дека место класична операција со колегите со минимално инвазивен метод отстраниле аневризма.

    „Интервенцијата ја изведовме со колегите од Радиологија, бидејќи се работеше со помош на ангиограф. Со катетри се влегува во крвниот сад и се отстранува аневризмата. Интервенцијата ја направивме без анестезија, односно пациентот беше буден. Изразувам голема благодарност до целиот тим д-р Менка Лазаревска, д-р Јасна Бушиновска, радиолошкиот технолог Петар Аневски и медицинската сестра Лилјана Станковиќ“, вели Филипче.

    Тој рече дека оваа интервенција на скопските клиники веќе се изведува рутински.

    „Решивме Светскиот ден на здравјето да го одбележиме работно. Им го честитам Денот на здравјето на сите здравствени работници. Продолжуваме да ги зајакнуваме капацитетите на здравствените установи и да ги подобруваме условите и за работа, но и за подобар пристап и повисок квалитет на здравствените услуги“, вели Филипче.

    Е.БОЧВАРОСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари