Работилница за деца под мотото „Отекувам, но не се повлекувам-цртам“ утре ќе се оддржи кај мобилната галерија во паркот на Франкофонијата. Преку игри и цртежи на децата ќе им бидат објаснети симптомите на ретката болест херидитарен ангиодем (ХАЕ), бидејќи и меѓу нив има деца кои страдаат од оваа болест и се чувствуваат издвоени од средината во која растат.
Работилницата почнува во 11 часот, а ја организира здружението ХАЕ Македонија заедно со училиштето за странски јазици „Лион“. Од ХАЕ Македонија велат дека целта е кај децата на креативен начин да и се долови чувството што значи со оток на рацете и или на нозете истовремено да се црта, трча и се она што значи секојдневие за децата со ХАЕ.
„Сочувството и емпатијата се учат од мали нозе и се состојат во тоа да се осети како е да се биде во чевлите на другиот. Преку игри и активности, децата ќе имаат можност да ‘доживеат’ како нивните пријатели со ХАЕ трчаат, цртаат и пишуваат со оточиња на рацете или на нозете, но исто така и како успеваат да се забавуваат и да создаваат убави работи и покрај тоа што имаат ретка болест“, вели Наташа Јовановска Поповска, претседател на ХАЕ Македонија .