Светскиот виртуоз на гитара Влатко Стефановски ја воодушеви публиката на Златна бубамара на популарноста, со изведбата на македонската песна „Учи ме мајко“ заедно со хоровите на Ансамблот за народни песни и ора „Танец“ и на Културно уметничкото друштво „Мирче Ацев“. Гитарскиот мајстор, омилен на светската и македонската публика на сцената на тапани придружуваше неговиот син, Јан.
Стефановски од сцената им се заблагодари на неговата сопруга Гордана, и на неговиот брат, драматургот Горан Стефановски, кои починаа во период од една година.
Полна е салата во ВИП арената „Борис Трајковски“ со политичари, уметници, актери, пејачи, спортисти за 22-то издание на забавната манифестација во организација на Радио Бубамара и Ранко Петровиќ. Како и изминативе години, водител е актерот Сашко Коцев, а награди се доделуваат во над 20 категории.
Меѓу музичарите настапи и хрватскиот пејач Петар Грашо, кој изведе негова песна како и големиот хит „Цесарица“ на Оливер Драгоевиќ.
Ветеранот на македонската музичка сцена Мики Јовановски-Џафер ја доби наградата за трајни музички вредности, а композиторот Григор Копров доби награда за животно дело.