ПАНТОН ЈА ИЗБРА ПРАСКА БОЈА ЗА БОЈА ШТО ЌЕ ЈА ОБЕЛЕЖИ 2024

    ПАНТОН ЈА ИЗБРА ПРАСКА БОЈА ЗА БОЈА ШТО ЌЕ ЈА ОБЕЛЕЖИ 2024Peach fuzz е лесен овошен тон кој предизвикува мир и спокојство (Фото: Пантон)


    Институтот за бои Пантон ја избра бојата што ќе ја обележи 2024 година и тоа е специјална нијанса на бојата на праска или peach fuzz – лесен овошен тон кој предизвикува мир и спокојство.

    Минуваме низ многу превирања во нашите животи и имаме потреба од боја која негува. Тоа е топла и пријатна сенка и многу тактилна. Чувствуваме дека во вакво време, тактилноста е навистина важна – да ги допреме другите луѓе и да ги собереме во нашите домови“, изјави специјалистката за бои на Пантон, Леатрис Ајсман.

    Праска тонот веќе беше присутен на модните ревии оваа година, особено на Модната недела во Милано.

    Изборот на Пантон традиционално се одразува на трендовите во модата, убавината, дизајнот и екстериерното уредување.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира