ПАРЧЕ ОД ОРИГИНАЛНОТО СКАЛИЛО НА АЈФЕЛОВАТА КУЛА ОДИ НА АУКЦИЈА, МОЖЕ ДА ДОСТИГНЕ 150.000 ЕВРА

    ПАРЧЕ ОД ОРИГИНАЛНОТО СКАЛИЛО НА АЈФЕЛОВАТА КУЛА ОДИ НА АУКЦИЈА, МОЖЕ ДА ДОСТИГНЕ 150.000 ЕВРАГустав Ајфел (горе) - речиси еден век, посетителите се искачувале до врвот токму по овие скали, но во 1983 споменикот бил темелно реконструиран, при што делови од скалилото биле демонтирани и заменети со лифтови /Реставрираниот дел од спиралното скалило има 14 скали. (Фото: Арткуриал)

    Дел од оригиналното скалило на Ајфеловата кула во Париз ќе биде ставен на аукција  следниот месец и се очекува да достигне цена меѓу 120.000 и 150.000 евра. Дел број 1 од оригиналното спирално скалило ги поврзувал вториот и третиот кат на кулата кога таа била отворена во 1889 година. Изработен од челик и лим, содржи 14 скали поставени на основа во форма на крст и има висина од 2,75 метри и дијаметар од 1,75 метри.

    Околу 300 милиони луѓе ја посетиле светски познатата француска знаменитост откако за првпат била отворена. Речиси еден век, посетителите се искачувале до врвот токму по овие скали, но во 1983 година споменикот бил темелно реконструиран, при што делови од скалилото биле демонтирани и заменети со лифтови.

    На 21 мај, овој дел од историското скалило ќе биде продаден на аукција од одделот за Арт деко на „Арткуриал“ во Париз. Според објавата на веб-страницата на „Арткуриал“, се очекува да достигне цена меѓу 120.000 и 150.000 евра. Иако продавачот не е јавно објавен, аукциската куќа наведува дека овој дел останал во иста приватна колекција „повеќе од 40 години“ откако бил демонтиран во 1983.

    „Никогаш не бил изложен надвор и поминал целосна реставрација за продажбата“, изјави Сабрина Дола, заменикчка-директор во „Арткуриал“.

    Според „Арткуриал“, оваа продажба претставува ретка можност да се поседува дел од овој историски споменик. Дола рече дека делот од скалилото е „повеќе од само дел од историјата“, додавајќи: „Тоа е доживување кое ве вовлекува – неподвижно патување низ време и простор. Замислете се во 1889 година на овие скали, поставени на височина меѓу 113 и 276 метри, без заштитни огради, но со панорамски поглед од 360 степени на Париз.“

    Во 1983  биле продадени 20 делови од скалилото, а повеќето од нив и денес се во сопственост на првичните купувачи. Во Франција, делови може да се најдат во два музеја во Париз, а постои еден дел и во источна Франција, во Музејот на историјата на железото. Надвор од Франција, некои од скалите се изложени и во градините на фондацијата Јоиши во Јаманаши, Јапонија, како и еден дел во близина на Статуата на слободата во Њујорк.

    „Арткуриал“ и претходно има продадено делови кои предизвикале голем интерес кај купувачите. Највреден се покажал делот број 13, кој бил продаден за 523.800 евра во 2016 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира