ПАТНИЦИ СЕ СТЕПАЛЕ ВО АВИОН ОТИ БЕБЕ ПЛАЧЕЛО ЦЕЛ ЛЕТ

    ПАТНИЦИ СЕ СТЕПАЛЕ ВО АВИОН ОТИ БЕБЕ ПЛАЧЕЛО ЦЕЛ ЛЕТИнцидентот се случил на летот од Лондон до Лисабон на авиокомпанијата „Рајанер“. (Фото: Сан)

    Двајца патници се степале на лет од Лондон до Лисабон поради плачење на бебе. Инцидентот се случил откако авионот на „Рајанер“ слетал на аеродромот во Лисабон.

    Бебето плачело во текот на целиот лет, но тепачката избила додека патниците се подготвувале да излезат од авионот. Била повикана полиција, па патниците морале да чекаат во авионот додека да пристигнат полицајците и ги одведат учесниците во тепачката.

    Портпарол на „Рајанер“ за „Сан“ изјави дека екипажот на летот Лондон-Лисабон повикал полициска помош зашто двајца патници се однесувале недолично.

    „‘Рајанер‘ има политика на нулта толеранција за недолично однесување на патниците и ќе продолжи да презема решителни мерки против недисциплината на патниците“, соопштија од авиокомпанијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира