ПАЦИЕНТИТЕ ВО СЛОВЕНИЈА ЈА ИЗБРАА ГОСТИВАРКАТА ХАТИЈЕ ИСМАИЛИ ЗА НАЈДОБАР ДОКТОР ВО 2020

    ПАЦИЕНТИТЕ ВО СЛОВЕНИЈА ЈА ИЗБРАА ГОСТИВАРКАТА ХАТИЈЕ ИСМАИЛИ ЗА НАЈДОБАР ДОКТОР ВО 2020На традиционалниот избор за лекарите во 10 категории гласаат пациентите, а Исмаили победи во главната категорија Мој доктор и во категоријата Мој гинеколог; - Наградите ги врачи словенечкиот претседател Борут Пахор. (Фото: Фејсбук на претседателот Пахор)

    Гинекологот Хатије Исмалили е изгласана на најдобар доктор на 2020 во Словенија, во конкуренција со 2014 лекари од земјата. На традиционалниот избор за лекарите во 10 категории гласаат пациентите, а Исмаили победи во главната категорија Мој доктор и во категоријата Мој гинеколог.

    Порталот ГОСТИВАРПРЕС.МК објави дека Исмаили е родум од Гостивар каде завршила гимназија, Медицински факултет завршила во Ријека, Хрватска, а по дипломирањето живее и работи во Словенија.

    Наградите на десетмината добитици вчера им ги врачи претседателот на Словенија Борут Пахор, а според соопштението на неговата официјална фејсбук страна, притоа Исмаили искрено им се заблагодари на пациентите за довербата и рече дека наградата е охрабрување и за продолжување на нејзината мисија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира