ПАЦИФИЧКАТА ДРЖАВА КУКОВИ ОСТРОВИ ЌЕ ГО МЕНУВА ИМЕТО ЗА ДА СЕ ОСЛОБОДИ ОД КОЛОНИЈАЛНОТО МИНАТО

    ПАЦИФИЧКАТА ДРЖАВА КУКОВИ ОСТРОВИ ЌЕ ГО МЕНУВА ИМЕТО ЗА ДА СЕ ОСЛОБОДИ ОД КОЛОНИЈАЛНОТО МИНАТОНовото име на Кукови Острови треба да биде на маорски јазик

    Кукови Острови, мала островска држава во Јужниот Пацифик, размислува да го промени името, со цел повеќе да ја нагласи својата полинезиска историја и да се ослободи од колонијалното минато.

    Оваа држава е именувана според истражувачот Џејмс Кук, кој пристигнал на овие острови во 18. век и локалните власти разгледуваат дури 60 предлози за новото име, кое би било на маорски јазик.

    Прв референдум по ова прашање се одржа во 1994 година, кога промената на името беше одбиена. Овојпат, планот има поддршка и од владата на Нов Зеланд, со кој Кукови Острови е во слободна заедница.

    „Среќен сум што земјата може да добие потрадиционално име“, кажа заменик премиерот на Нов Зеланд, Марк Браун.

    Кукови Острови се здоби со независност од Британија во 1965 година, но неговите одбрана и надворешна политика останаа во надлежност на Нов Зеланд.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира