ПЕЈАЧКАТА НА „РОКСЕТ“ МАРИ ФРЕДРИКСОН ПОЧИНА ПО ДОЛГА БОРБА СО РАК

    ПЕЈАЧКАТА НА „РОКСЕТ“ МАРИ ФРЕДРИКСОН ПОЧИНА ПО ДОЛГА БОРБА СО РАКМари Фредриксон постигна глобален успех со „Роксет“ почнувајќи од крајот на 1980-ите (Фото: Шатерсток)

    Пејачката на поп групата „Роксет“ Мари Фредриксон почина на 61 година по долго боледување.

    Шведското дуо постигна глобален успех со низа хитови од крајот на 1980-ите и од почетокот на 1990-ите.

    Мари почина денеска по 17-годишна борба со ракот. Ти беше најпрекрасен пријател повеќе од 40 години. Ништо веќе нема да биде исто“, изјави Пер Гесле, кој ја основа групата со Фредриксон во 1986 година.

    Тие го издадоа првиот албум истата година, но светска слава им донесе албумот „Look Sharp“ од 1988 година.

    Здравствените проблеми за Фредриксон почнаа во 2002 година кога ѝ беше дијагностициран тумор на мозокот. И покрај тоа, групата продолжи со работа и последниот албум го издаде во 2016 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира