Претседателот на Македонија Стево Пендаровски на приемот на амбасадорот на Индонезија Иван Богананта примил необичен подарок, еколошки велосипед од бамбус.
Индонезискиот еколошки велосипед е сертифициран, со потрвда за квалитет во Франција и во Јапонија.
„Ми беше задоволство лично да се сретнам со амбасадорот на Индонезија, Иван Богананта, кој поради пандемијата, акредитивите ги предаде по писмен пат. Етничката и културна разновидност, негувањето на толеранција и меѓурелигискиот дијалог, се вредности кои ги споделуваат двете земји и кои претставуваат основа за продлабочување на нашите меѓусебни контакти“, напиша Пендаровски на Фејсбук, каде објави фотографија од необичниот велосипед.