ПИВАРА СКОПЈЕ И КОКА КОЛА ЧЕТВРТА ГОДИНА ПО РЕД ГЛОБАЛНИ ЛИДЕРИ ЗА ОДРЖЛИВОСТ

    ПИВАРА СКОПЈЕ И КОКА КОЛА ЧЕТВРТА ГОДИНА ПО РЕД ГЛОБАЛНИ ЛИДЕРИ ЗА ОДРЖЛИВОСТКомпаниите во состав на Кока Кола ХБЦ, меѓу кои и Пивара Скопје, лани инвестираа вкупно 7,3 милиони евра во различни еколошки проекти.(Фото:Пивара Скопје)

    Пивара Скопје и останатите членки на Кока Кола ХБЦ групацијата четврти пат по ред се прогласени за глобален лидер за одржлив развој и заштита на животната средина. Според рангирањето кое го прави „Дау Џонс индекси за одржливост“ (ДЈСИ) групацијата на Кока Кола ХБЦ освои 90 поени, што е за 38 поени повеќе од просекот на останатите компании од светската индустрија за пијалоци.

    „Да се биде дел од групација која четврти пат по ред е прогласена за глобален лидер според резултатите и заложбите за одржливост, е огромно признание за сите вработени во Пивара Скопје, како и за сите наши партнери, соработници, купувачи и потрошувачи на нашите производи“, вели генералниот директор на Пивара Скопје, Јован Радосављевиќ.

    Лани Пивара Скопје реализираше дополнителни проекти за зголемување на топлинската ефикасност, системи за рециклирање на водата која се користи во процесот на производството, и намалување на тежината на пластичната амбалажа.

    Компаниите во состав на Кока Кола ХБЦ, меѓу кои и Пивара Скопје, лани инвестираа вкупно 7,3 милиони евра во различни еколошки проекти, со кои дополнително се намалени јаглеродните емисии во воздухот за 6 отсто, заштедени се три отсто вода и пет отсто енергија на годишно ниво.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира