ПО ТЕШКО БОЛЕДУВАЊЕ ПОЧИНА ТАТКОТО НА ТОШЕ

    ПО ТЕШКО БОЛЕДУВАЊЕ ПОЧИНА ТАТКОТО НА ТОШЕНикола Проески последниве месеци се лечел во приватна болница во Скопје (Фото: Фејсбук)  

    По тешко боледување, денеска во Крушево почина Никола Проески, таткото на Тоше Проески, потврдија за САКАМДАКАЖАМ.МК пријатели на семејството Проески.

    Како што ни рекоа пријателите на Проески, последниве месеци, тој се лечел во приватна болница во Скопје.

    Веста за смрта на Никола Проески на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, со слика од од татко ѝ, заедно со брат ѝ Тоше. Никола Проески беше чест гостин на концертите на Тоше, најмногу во Скопје. По смртта на поп-ѕвездата, тој и неговата сопруга Домника се повлекоа од јавноста.

    Тоше Проески загина во сообраќајна несреќа на 16 октомври во 2007 кај Нова Градишка во Хрватска. Неговиот внук, Кристијан Ристески кој е исто така музичар сними неколку песни, а во 2008 излезе и дуетот на Кристијан и на Тоше, „Мое малечко“ (My Little One). Дора Проеска и Славен Ристески имаат уште еден помал син, Никола.

    М. ЏАРОВСКА 

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира