ПО ВТОР ПАТ УКРАДЕН КАМЕН ОД ГРОБОТ НА ИЈАН КЕРТИС ОД „ЏОЈ ДИВИЖН“

    ПО ВТОР ПАТ УКРАДЕН КАМЕН ОД ГРОБОТ НА ИЈАН КЕРТИС ОД „ЏОЈ ДИВИЖН“Обожавател изминатава сабота забележал дека го нема централниот камен на кој фановите оставаа цвеќиња (Фото: „Чешир лајв“ )

    По втор пат е украден каменот над гробот на Ијан Кертис, легендарниот фронтмен на групата „Џој дивижн“. Еден обожавател изминатава сабота забележал дека го нема централниот камен на кој фановите оставаа цвеќиња.

    „Реткиот вид камен е украден или отстранет за време на викендот. Каменот со димензии помали од 1 квадратен метар има дупка во средината и служи за оставање на цвеќиња во знак на почит. Тој беше поставен чисто од естетска природа, нема големо значење. На негово место ставивме нов камен“, изјавија претставници гробиштата во Макелсфилд во Чешир, Англија.

    Обожавателите претпоставуваат дека целта на крадецот била да го земе централниот камен на кој се впишани името на Кертис, датата кога е починат и зборовите „Љубовта ќе нѐ раздели“, кои се однесуваат на најголемиот хит на „Џој дивижн“. Оригиналниот камен со истата посвета беше украден во 2008, а неговата замена сега е зацементирана.

    Кертис почина во мај 1980, на 23 години, но сѐ уште важи за култна личност во музиката. Во 2007, Ентон Корбин го режираше биографскиот филм  за пејачот и за бендот „Контрола“ , а сопругата на Кертис, Дебора во 2014 објави мемоари за нивните животи кои одлично поминаа кај публиката.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира