ПОЧИНА ЕНДРЈУ БРУКС, НАУЧНИКОТ КОЈ ГО РАЗВИ ПРВИОТ ТЕСТ ЗА КОРОНАВИРУС СО ПЛУНКА

    ПОЧИНА ЕНДРЈУ БРУКС, НАУЧНИКОТ КОЈ ГО РАЗВИ ПРВИОТ ТЕСТ ЗА КОРОНАВИРУС СО ПЛУНКАБрукс го развил тестот со плунка како алтернатива за стандардното земање брис од нос

    Ендрју Брукс, истражувач и професор кој го разви првиот одобрен тест за коронавирус со плунка, почина од срцев удар на 51 година.

    Брукс раководеше со лабораторијата на универзитетот Рутџерс во Њу Брансвик (Њу Џерси) која го разви тестот со плунка. Агенцијата за храна и лекови на САД го одобри тестот во април минатата година, а од наредниот месец тој почна да се користи во домашни услови.

    „Брукс е еден од анонимните херои на нашата земја, неговата работа несомнено спаси многу животи. Не можеме да му се заблагодариме доволно за она што го направи во својата кариера“, изјави гувернерот на Њу Џерси, Фил Марфи.

    Брукс лани изјави дека го развил тестот со плунка како алтернатива за стандардното земање брис од нос, со цел да им помогне на здравствените работници кои се борат против коронавирусот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира