ПОЧИНА ЈОАКИМ РОНЕБЕРГ, НОРВЕШКИ ВОЕН ХЕРОЈ КОЈ ГО СПРЕЧИ ХИТЛЕР ДА НАПРАВИ АТОМСКА БОМБА

    ПОЧИНА ЈОАКИМ РОНЕБЕРГ, НОРВЕШКИ ВОЕН ХЕРОЈ КОЈ ГО СПРЕЧИ ХИТЛЕР ДА НАПРАВИ АТОМСКА БОМБАЈоаким Ронеберг ја извел легендарната операција во 1943 година со уште петмина командоси

    Јоаким Ронеберг, припадник на норвешкото движење на отпорот кој ги спречи плановите на нацистичка Германија да развие нуклеарно оружје, почина на 99 години и норвешката премиерка Ерна Солберг го опиша како еден од најголемите херои на земјата.

    Во 1943 година, тој предводеше тајна операција во тешко вооружена централа во јужниот норвешки регион Телемарк, што подоцна беше преточено во филмот „Хероите на Телемарк“, со Кирк Даглас во главната улога.

    Во интервјуто за Би-Би-Си во 2013 година, Ронеберг кажа дека ја сфатил важноста на нивната мисија дури откако биле фрлени атомските бомби на Хирошима и Нагасаки.

    Во времето кога на Адолф Хитлер му требала тешка вода, односно деутериум оксид, за да развие атомска бомба, која во тој момент ја имало само во Телемарк, Ронеберг избрал тим од петмина командоси за сојузничката операција „Гунерсајд“. Нивната цел била хидроцентралата во Рјукан.

    „Бевме група пријатели кои имаа заедничка работа. Често мислевме дека тоа е патување во еден правец“, кажа Ронеберг по повод 70-годишнината од мисијата.

    Откако ја кренале хидроцентралата во воздух, тие морале да скијат 320 километри до Шведска, при што биле бркани од повеќе од 3.000 германски војници.

    „Тоа беше најдобриот скијачки викенд во мојот живот“, се пошегува Ронеберг.

    Оваа операција, заедно со неколку американски воздушни напади, ја натерале Германија да ги напушти своите планови и ова подоцна беше опишано како најдобра саботажа во Втората светска војна.

    По завршувањето на војната, Ронеберг работел како радио-водител и често зборуваше за опасностите од војна.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира