ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ ДИЗАЈНЕР ЖИВАНШИ, КОЈ ГИ ОБЛЕКУВАШЕ ОДРИ ХЕПБЕРН И ЏЕКИ КЕНЕДИ

    ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ ДИЗАЈНЕР ЖИВАНШИ, КОЈ ГИ ОБЛЕКУВАШЕ ОДРИ ХЕПБЕРН И ЏЕКИ КЕНЕДИИбер д' Живанши го дизајнираше познатиот црн фустан, кој Хепберн го носеше во 1961 година во филмот „Појадок кај Тифани“ (Фото: Гети)

    Легендарниот француски моден дизајнер Ибер д‘ Живанши, кој ја креираше облеката на многу познати, вклучувајќи ја и неговата муза Одри Хепберн почина на 91 година.

    Дизајнерот ја основаше модната куќа „Живанши“ во 1952 година и го дизајнираше познатиот црн фустан, кој Хепберн го носеше во 1961 година во филмот „Појадок кај Тифани“.

    Тој ја креираше филмската и личната гардероба на актерката, поставувајќи трендови кои беа имитирани во целиот свет.

    Д‘ Живанши исто така ја креираше облеката за американската прва дама Џеки Кенеди, пред да се повлече од дизајнирањето во 1995 година.

    Роден во 1927 година, пораснал со мајка му Беатрис, откако неговиот татко Лисиен Тафин д‘ Живанши починал од грип, кога тој имал само три години. По студиите по уметност во Париз Ибер д‘ Живанши ја отвора својата модна куќа во Париз во 1952 година и станува гигант во модната индустрија.

    Одри Хепберн го инспирирала при создавање на неговиот прв парфем „Л’Интердит“, како што дизајнерската куќа еволуираше во високата мода.

    Форд дури произведе и едиција Живанши од неговата континентална марка на серија автомобили од 1976 до 1983 година.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари