Лиса Мари Присли, единственото дете на кралот на рокенролот Елвис, почина на 54 години. Сајтот ТМЗ објави дека таа била пронајдена во бессознание во спалната соба во својот дом во Калабасас, Калифорнија, по што била превезена во болница. Нејзината мајка Присила не ја наведе причината за смртта, додека американските медиуми објавија дека имала срцев удар.
Родена во 1968 година, Лиса Мари тргна по стапките на својот легендарен татко и градеше музичка кариера. Објави три албуми, при што дебитантскиот од 2003 година се продаде во стотици илјади копии и генерално доби позитивни критики.
Го привлекуваше вниманието на јавноста и со своите бракови. Се мажеше четири пати, меѓу кои и со актерот Николас Кејџ и поп легендата Мајкл Џексон. Имаше четири деца и доживеа голема лична трагедија во 2020 кога се самоуби нејзиниот син Бенџамин.
Лиса Мари присуствуваше на неодамнешното доделување на Златните глобуси, каде што Остин Батлер беше награден за најдобар актер за улогата на нејзиниот татко.