ПОЧИНА СИНОТ НА ЧЕ ГЕВАРА

    ПОЧИНА СИНОТ НА ЧЕ ГЕВАРАКамило Гевара имаше само пет години кога татко му беше убиен Боливија во 1967 (Фото: ЕПА)

    Камило Гевара Марч, синот на легендарниот револуционер Ернесто Че Гевара, почина на 60 години од срцев удар додека бил на службено патување во Каракас, објавија кубанските власти.

    Гевара Марч посвети најголем дел од својата кариера на документирањето на животот на татко му, кој се бореше покрај Фидел Кастро во Кубанската револуција. Тој се противеше на употребата на славната фотографија на Че во комерцијални цели.

    Камило е едно од четирите деца што Гевара ги доби со својата втора жена Алеида Марч, која денес има 85 години. И додека неговата постара сестра Алеида ја презеде улогата на портпарол на семејството, Камило го водеше Центарот за истражување на Че Гевара во Хавана, кој ги промовира неговите револуционерни мисли, живот и дело.

    Роден во Аргентина, Че Гевара стана заштитно лице на Кубанската револуција, заедно со Фидел и Раул Кастро. Камило имаше само пет години кога тој беше убиен Боливија во 1967.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира