ПОЧИНА СРПСКИОТ ФОЛК ПЕЈАЧ МАРИНКО РОКВИЌ

    ПОЧИНА СРПСКИОТ ФОЛК ПЕЈАЧ МАРИНКО РОКВИЌРоквиќ има снимено 21 албум, повеќе сингл-плочи, а беше познат како пејач на севдалинки и голем број фолк хитови. (Фото: РАС Србија)

    Српскиот фолк пејач Маринко Роквиќ почина денес во Белград на 68 години.

    Српските медиуми пренесуваат дека Роквиќ изминативе денови бил хоспитализиран и оти бил во критична здравствена состојба. Според нив, пејачот имал бактерија која го нападналa организмот. Ковид-19 прележал лани.

    Роквиќ ја започнал кариерата во 1974. Има снимено 21 албум, повеќе сингл-плочи, а беше познат како пејач на севдалинки и голем број фолк хитови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира