ПОЧИНА ВИЛИЈАМ ШЕКСПИР, ПРВИОТ МАЖ НА СВЕТОТ КОЈ СЕ ВАКЦИНИРАШЕ ПРОТИВ КОВИД-19

    ПОЧИНА ВИЛИЈАМ ШЕКСПИР, ПРВИОТ МАЖ НА СВЕТОТ КОЈ СЕ ВАКЦИНИРАШЕ ПРОТИВ КОВИД-19Шекспир ја прими првата доза од вакцината на „Фајзер/Бионтек“ во Ковентри во декември (Фото: АП)

    Првиот маж на светот кој се вакцинираше против ковид-19 почина од мозочен удар на 81 година, пет месеци откако се запиша во историјата.

    Вилијам Шекспир ја прими првата доза од вакцината на „Фајзер/Бионтек“ во болницата во Ковентри во декември, набргу по 91-годишната Маргарет Кинан, која прва на светот се имунизираше против ковид-19.

    „Најдобрата посвета за Бил е да одете да се вакцинирате“, изјавија од градската власт на Ковентри.

    Шекспир беше пациент во болницата кога ја прими вакцината.

    „Бил беше многу благодарен што му беше понудена можност да биде еден од првите луѓе на светот кои ќе ја добијат вакцината. Беше многу горд на тоа и постојано охрабруваше други да се вакцинираат“, изјави неговата сопруга Џил, со која беше во брак 53 години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира