ПОЛ МАКАРТНИ СТАНА МИЛИЈАРДЕР И Е ТРЕТ НАЈБОГАТ МУЗИЧАР ВО СВЕТОТ, ЗАД ЏЕЈ ЗИ И ТЕЈЛОР СВИФТ

    ПОЛ МАКАРТНИ СТАНА МИЛИЈАРДЕР И Е ТРЕТ НАЈБОГАТ МУЗИЧАР ВО СВЕТОТ, ЗАД ЏЕЈ ЗИ И ТЕЈЛОР СВИФТЗначителен дел од богатството на Макартни доаѓа од издавачката компанија МПЛ комјуникејшнс, која тој ја основал во 1969 година и која управува со неговиот сопствен каталог, но и со авторските права на други изведувачи. (Фото: Јутјуб/принтскрин)

    Пол Макартни им се приклучи на светските милијардери, откако магазинот „Форбс“ го процени богатството на 84-годишниот поранешен член на Битлси на околу 1,4 милијарди долари. Според „Форбс“, најголемиот дел од неговиот имот произлегува од музичкиот каталог, правните потези, турнеите и уметничката колекција.

    Со оваа сума, Макартни е трет најбогат музичар во светот, веднаш зад Џеј Зи со 2,8 милијарди долари и Тејлор Свифт со две милијарди долари.

    Значителен дел од богатството на Макартни доаѓа од издавачката компанија МПЛ комјуникејшнс, која тој ја основал во 1969 година и која управува со неговиот сопствен каталог, но и со авторските права на други изведувачи. „Форбс“ наведува дека кон неговите приходи големо влијание имаат и откупените каталози на музичари како Бади Холи, правата за бродвејски мјузикли, како и неколку божикни песни.

    Како еден од четворицата членови на Битлси, Макартни добива 25 проценти од заработката на холдинг-компанијата „Епл корпс“, која годишно остварува 50 милиони долари од стриминг, продажба на винилни плочи и промотивни производи. „Форбс“ проценува дека овој прилив вреди повеќе од 150 милиони долари за секој член на бендот или за неговите наследници.

    Макартни останува активен на музичката сцена и годинава го објави својот 20. соло албум.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира