ПОЛИЦИЈАТА ОД ЛОС АНЏЕЛЕС ВЕРУВА ДЕКА ИСЧЕЗНАТАТА АКТЕРКА ОД МАКЕДОНИЈА Е МРТВА ОТКАКО НЕЈЗИНОТО МОМЧЕ СЕ САМОУБИ

    ПОЛИЦИЈАТА ОД ЛОС АНЏЕЛЕС ВЕРУВА ДЕКА ИСЧЕЗНАТАТА АКТЕРКА ОД МАКЕДОНИЈА Е МРТВА ОТКАКО НЕЈЗИНОТО МОМЧЕ СЕ САМОУБИ25-годишната Шабани дошла во Америка пред две години да изгради актерска кариера во Холивуд, живеела во Лос Анџелес и последен пат била видена на 23 февруари близу нејзиниот дом. (Фото: Фејсбук)

    Полицијата од Лос Анџелес верува дека исчезнатата актерка од Македонија Адеа Шабани е мртва, откако човекот со кој таа била во врска се самоуби по полициска потера. 25-годишната Шабани дошла во Америка пред две години да изгради актерска кариера во Холивуд. Таа живеела во Лос Анџелес и последен пат била видена на 23 февруари близу нејзиниот дом. Полицијата за „Фокс Њуз“ потврди дека семејството и пријателите се убедени дека таа е мртва.

    33-годишниот Крис Споц, кој исто така е актер, бил во врска со Шабани. Двајцата се сретнале во актерско школо. Локалниот шериф кажа дека Споц, кој бегал од полицијата во украдено возило, си пукал во главата пред да биде запрен.

    Властите од Лос Анџелес за „Ен-Би-Си“ велат дека возилото можеби било искористено при убиство. Полицијата продолжува да трага по телото на Шабани по нејзиното мистериозно исчезнување. Мајката на младата актерка, кој пристигна во САД по исчезнување, ангажирала приватен детектив да помогне во потрагата.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира