Двојка од Австралија била вратена од аеродромот „Голд Коуст“ на летот за Бали поради дамка од кафе на пасошот. Персоналот на авиокомпанијата „Виргин Австралија“ одби да ги прими во авионот Шон Ферес и неговата партнерка Брук поради дамка од кафе на нејзиниот пасош.
Персоналот тврдеше дека пасошот е „нечитлив“, но дека двојката може да земе подоцнежен лет без дополнителни трошоци додека да се реши проблемот. Им било кажано да се јават во службата за корисници на компанијата за да го сменат летот бесплатно, но билетите за сите летови следниот ден на таа авиокомпанија биле распродадени. На крајот, морале да потрошат 1.845 евра за да купат билети за летот на „Џетстар“ и да заминат на Бали следниот ден.
„Интересно е тоа што ‘Џетстар’ немаше проблеми со пасошот, исто како и на 100 други летови на кои сме биле. Слетавме на Бали, минавме преку контролата со нејзиниот пасош без никакви проблеми“, рече Ферес.
Компанијата тврди дека дамката го покривала бројот на пасошот и местото на раѓање, и додаде дека парите за летот им ги префрлила на сметка.