ПОРНОЅВЕЗДАТА РОН ЏЕРЕМИ ОБВИНЕТ ЗА СИЛУВАЊЕ, СЕ СООЧУВА СО 90 ГОДИНИ ЗАТВОР

    ПОРНОЅВЕЗДАТА РОН ЏЕРЕМИ ОБВИНЕТ ЗА СИЛУВАЊЕ, СЕ СООЧУВА СО 90 ГОДИНИ ЗАТВОРЏереми наводно ги извршил четирите напади во периодот од 2014 до 2019 година (Фото: Ројтерс)

    Легендата на порнофилмовите Рон Џереми е обвинет за силување на три жени и за сексуален напад врз уште една, објавија обвинителите.

    Тој наводно ги извршил овие напади во периодот од 2014 до 2019 година, а жртвите имале меѓу 25 и 46 години. Доколку биде прогласен за виновен по сите обвиненија, 67-годишниот актер може да се соочи со 90 години затвор.

    Џереми е обвинет дека силувал 25-годишна жена во куќа во Вест Холивуд, а останатите напади се случиле во бар во истата населба во Лос Анџелес. Џереми вчера првпат се појави во суд и обвинителите побараа кауција од 6,6 милиони долари.

    Џереми е едно од најголемите имиња во порноиндустријата и во кариерата која почна во 1970-ите има снимено повеќе од 2.000 филмови.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари