ПОРТРЕТИ НА НАВАЛНИ НАСЛИКАНИ ЗАД СПОМЕНИК НА СОВЕТСКИТЕ ВОЈНИЦИ ВО ВИЕНА

    ПОРТРЕТИ НА НАВАЛНИ НАСЛИКАНИ ЗАД СПОМЕНИК НА СОВЕТСКИТЕ ВОЈНИЦИ ВО ВИЕНАЅидот е дел од Палатата Шварценберг, во сопственост на благородичкото семејство на поранешниот чешки министер за надворешни работи Карел Шварценберг. (Фото: АП)

    Два големи портрета на Алексеј Навални, кој почина на 16 февруари и кој беше најзначајниот опозициски лидер во Русија во изминатата деценија, се нацртани со спреј на имотот во сопственост на семејството на поранешниот чешки министер за надворешни работи, зад споменикот на советските војници во Виена.

    Ѕидот зад споменикот веќе беше обоен во сино и жолто, националните бои на Украина, откако Русија ја започна инвазијата на Украина во 2022.

    Ѕидот е дел од Палатата Шварценберг, во сопственост на благородичкото семејство на поранешниот чешки министер за надворешни работи Карел Шварценберг, кој почина во ноември.

    Портретите ги наслика австриското графити дуо Џоел Гамну, кое изјавии дека досега имал позитивни коментари.  Џонатан Гамперл, едната половина од дуото, рече дека „досега имаме само позитивни повратни информации“.

    Споменикот на кој е претставен советски војник е изграден откако советските трупи ја зазедоа Виена во 1945 .

    „Споменикот е изграден во сеќавање на жртвите на диктатурата, а Навални е очигледна жртва на диктатурата“, изјави Максимилијан Шафготш од Фондацијата на семејството Шварценберг.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира