ПОСЛЕ 20 ГОДИНИ, КОНЕЧНО ПОГРЕБАН СТУДЕНТОТ ЧИЕ БРУТАЛНО УБИСТВО ЈА ПРОМЕНИ АМЕРИКА

    ПОСЛЕ 20 ГОДИНИ, КОНЕЧНО ПОГРЕБАН СТУДЕНТОТ ЧИЕ БРУТАЛНО УБИСТВО ЈА ПРОМЕНИ АМЕРИКАУбијците на Метју Шепард добија доживотен затвор откако признаа дека го нападнале само поради неговата сексуална ориентација (Фото: Фејсбук)

    Метју Шепард, 21-годишен студент од Вајоминг, вчера конечно беше погребан во Националната катедрала во Вашингтон, точно 20 години откако беше брутално убиен само затоа што бил хомосексуалец. Овој случај не само што доведе до значајна промена на закони, туку и засекогаш ја промени Америка.

    „Важно е што конечно му најдовме дом на Мет. Дом што други можат да го посетуваат, дом што е сигурен од оние кои го мразат и дом што толку многу го сакаше уште од мал“, изјави неговиот татко Денис Шепард.

    Родителите на Шепард сите овие години дома ја чувале урната од страв гробот да не биде вандализиран (Фото: АП)

    Шепард имаше само 21 година кога беше ограбен, претепан и оставен врзан на ограда на голем студ. Тој почина шест дена подоцна, на 12 октомври 1998 година, во болница во Колорадо.

    Арон Меккини и Расел Хендерсон беа осудени на доживотен затвор за киднапирање и убиство, откако признаа дека го нападнале Шепард поради неговата сексуална ориентација, а не за да го ограбат. Стравувајќи дека гробот на Метју ќе биде вандализиран, неговите родители сите овие години ја чуваа урната дома.

    Смртта на Шепард помогна да се зајакне движењето за правата на ЛГБТ заедницата во САД, а во 2008 година, Барак Обама потпиша закон именуван според него, со кој федералните закони против омраза беа проширени и на сексуална ориентација и родов идентитет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира