ПРЕТСТАВЕНА МАШИНА ЗА САМОУБИСТВО ВО КОЈА СЕ УМИРА СО ДОПИР НА КОПЧЕ

    ПРЕТСТАВЕНА МАШИНА ЗА САМОУБИСТВО ВО КОЈА СЕ УМИРА СО ДОПИР НА КОПЧЕПлановите за „Сарко“ ќе бидат ставени на Интернет, со што секој ќе може да си ја отпечати машината во 3Д

    Контроверзна капсула која им овозможува на корисниците да извршат самоубиство со еден допир на копче привлече најголемо внимание на Саемот за погребна опрема во Амстердам.

    Наречена „Сарко“, скратено од саркофаг, машината отпечатена во 3Д е осмислена од австралискиот активист за евтаназија Филип Ничке и холандскиот дизајнер Александер Банинк. Таа доаѓа со ковчег, поставен на подлога, што содржи азотен канистер.

    Лицето кое сака да умре стиска копче, по што капсулата се исполнува со азот. Таа или тој прво ќе се почувствува зашеметено, но потоа бргу губи свест и умира. Овој уред им обезбедува смрт на луѓето кога тие ќе посакаат да умрат“, вели Ничке.

    Гостите на саемот имаа можност да влезат во капсулата, при што добиваа очила за виртуелна реалност, доживувајќи како е тоа да се биде внатре непосредно пред да се притисне копчето.

    Ничке вели дека планира да ја изгради првата целосно функционална капсула до крајот на годината. Дизајнот потоа ќе биде ставен на Интернет, за луѓето да можат да го симнат.

    Тоа значи дека секој што ќе сака да си ја изгради машината ќе може да ги даунлодира плановите и да си ја отпечати во 3Д“, изјави Ничке.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира