ПРОДОЛЖЕНА МОЖНОСТА ЗА ОДЛОЖЕНО ПЛАЌАЊЕ ОД 30 ДЕНА ЗА ПОЛИСИТЕ НА ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ

    ПРОДОЛЖЕНА МОЖНОСТА ЗА ОДЛОЖЕНО ПЛАЌАЊЕ ОД 30 ДЕНА ЗА ПОЛИСИТЕ НА ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕМерката важи за плаќање на рати или во готово и за сите класи на осигурување. - (Фото: Еуролинк осигурување)

    Еуролинк осигурување ќе продолжи да овозможува одложено плаќање од 30 дена на физичките лица за сите нови или обновени полиси од сите класи на осигурување, за да им излезе во пресрет на клиентите во услови на вонредна состојба поради пандемијата од КОВИД-19.

    Компанијата уште во март одлучи времено да ги олесни условите под кои клиентите го обезбедуваат своето задолжително и незадолжително осигурување. Со оглед на тоа дека вонредната состојба продолжува, Еуролинк осигурување донесе одлука да продолжи со можноста за 30 дена одложено плаќање за сите физички лица. Мерката важи за плаќање на рати или во готово и за сите класи на осигурување.

    „Сите се соочуваме со потреба од простор и време за да си ги увидиме потребите и да ги распределиме ресурсите. Заради тоа сметаме дека одложеното плаќање од 30 дена за сите класи на осигурување ќе биде од помош за клиентите. Во оваа прилика потсетуваме и дека нашата продажна мрежа е комплетно оспособена за електронско договарање и доставување на сите полиси. Клиентите имаат можност по телефон или е-маил да ги договорат полисите со својот консултант за осигурување кој потоа ги доставува полисите по е-маил, и со тоа да ги завршат овие обврски од својот дом“ – вели Борче Попризов, директор на Секторот за продажба во Еуролинк осигурување.

    Електронско пријавување на штети и онлајн плаќање на рати и фактури се прави преку веб страницата или преку мобилната апликација на Еуролинк осигурување. За поддршка при електронското плаќање на располагање е Контакт центарот на 02/15888 или на е-маил: [email protected] каде може да се добие услуга 24/7.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира