ПУБЛИКАТА НА „ЗЛАТНА БУБАМАРА“ НА НОЗЕ НА „ОЈ ВАРДАРЕ“

    ПУБЛИКАТА НА „ЗЛАТНА БУБАМАРА“ НА НОЗЕ НА „ОЈ ВАРДАРЕ“Maja Oџаклиевска меѓу публиката ги отпеа своите хитови „Многу солзи исплакав“ и „Биди добар како јас“. Таа ја доби наградата за трајни вредности (Фото: Златна бубамара на популарноста)

    „Многу солзи исплакав“, „Ој Вардаре“, „Подобар живот “и „Колку е добро да те видам повторно “се дел од песните кои синоќа на Златна бубамара на популарноста најмногу ја развеселија и разнежнија публиката во ВИП Арената „Борис Трајковски“ во Скопје.

    Сестрите Тијана Дапчевиќ и Тамара Тодевска (Фото: Златна бубамара на популарноста)

    Маја Оџаклиевска, Наум Петрески и Виолета Томовска, Дадо Топиќ и Тамара Тодевска и групата „Нови фосили “ ги испеаја песните познати на сите генерации, на моменти предизвикувајќи еуфорија, на моменти носталгија.

    Премиерот Зоран Заев со сопругата Зорица (Фото: Златна бубамара на популарноста)

    Меѓу публиката во спортската сала, каде за прв пат се одржува популарната манифестација, беа премиерот Зоран Заев со сопругата, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за култура Роберт Алаѓозовски, генералниот секретар на Владата Драги Рашковски… Поради политичарите, таксистите мораа да ги оставаат гостите подалеку од салата.

    Тамара Тодевска и хрватскиот пејач Дадо Топиќ настапија со песната од популарната југословенска серија „Подобар живот“ (Фото: Златна бубамара на популарноста )

    Академијата на Златна бубамара додели награди во 23 категории на познати личности од забавата,спортот, културата во Македонија и на Балканот.

    Сопственикот на „Радио Бубамара“ и организатор на музичкото шоу, Ранко Петровиќ (Фото: Златна бубамара на популарноста )

    Наградата за трајни музички вредности ја доби легендарната пејачка Маја Оџаклиевска, а „Октет Македонија“ за животно дело.

    Кирил Поп Христов, по неколку годишното отстуство од Македонија, повторно на Златна бубамара на популарноста

    Водител на ова 21.издание , под мотото „За подобар живот“, како и изминативе години беше актерот Сашко Коцев, а на сцената се појавија и Кирил Поп Христов, Игор Џамбазов, Тијана, Џамбо Агушев, екипата од мјузиклот на Македонскиот народен театар „Мама миа“.

    „Октет Македонија“ ја прими наградата за животно дело (Фото: Златна бубамара на популарноста )

    Ракометарот Стојанче Стоилов (Фото: Златна бубамара на популарноста )

    Сашко Коцев и Влатко Стефановски (Фото; Златна бубамара на популарноста)

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира