РАДИО „БУБАМАРА“ Е НАЈСЛУШАНА СТАНИЦА ВО СКОПЈЕ СПОРЕД ИСТРАЖУВАЊЕТО НА АВМУ

    РАДИО „БУБАМАРА“ Е НАЈСЛУШАНА СТАНИЦА ВО СКОПЈЕ СПОРЕД ИСТРАЖУВАЊЕТО НА АВМУОд ланската манифестација „Златна Бубамара на популарноста“. (Фото:СДК.МК)

    Радио „Бубамара“ е најслушана регионална станица и во последниот квартал на 2020 година,  покажуваат податоците на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ). Во истражувањето за периодот октомври-декември 2020, радио „Бубамара“ води 5 проценти пред второрангираната радио станица.

    „Со тоа радиото го продолжи статусот на најслушано регионално радио во изминатата година, титула што успева да ја задржи во сите квартални истражувања од 2018 наваму“, велат од радио „Бубамара“.

    Тимот на радиото во моментов го подготвува 24. вонредно пандемиско издание на манифестацијата „Златна Бубамара на популарноста“ под слоганот „Ќе го преживееме и ова во животов’.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира