Навистина е тешко да се направи разлика помеѓу музиката создадена од луѓе и музиката создадена од вештачка интелигенција (ВИ), покажа студија објавена изминатава недела. Во анкетата спроведена од институтот за истражување на пазарот Ипсос во име на провајдерот за стриминг Дизер, на учесниците им беа пуштени три песни – две создадени од вештачка интелигенција и една од луѓе – и беше побарано да идентификуваат од кого е создадена која песна.
Од 9.000 учесници во репрезентативната анкета, 97% погрешиле.
По експериментот, учесниците во анкетата беа прашани како се чувствуваат во врска со споредувањето на чистата музика со вештачка интелигенција со музиката создадена од луѓе: Повеќе од половина (52%) се чувствуваа непријатно бидејќи не можеа да ја препознаат разликата.
Сепак, анкетата откри и љубопитност за вештачката интелигенција и музиката. На пример, 46% верувале дека вештачката интелигенција може да им помогне да откријат нова музика што одговара на нивниот вкус. Исто така, постоел скептицизам меѓу испитаниците. Анкетата покажала дека добри две третини од испитаниците веруваат оти вештачката интелигенција придонесува за девалвирање на човековата креативност во музичката индустрија.
Ипсос анкетирал 9.000 возрасни лица во осум земји помеѓу 6 и 10 октомври. Тоа биле Германија, САД, Канада, Бразил, Обединетото Кралство, Франција, Холандија и Јапонија.



