РЕКОРДНО ДОЛГА МОЛЊА ОД 768 КИЛОМЕТРИ ПРЕМИНАЛА НАД ТРИ СОЈУЗНИ ДРЖАВИ ВО САД

    РЕКОРДНО ДОЛГА МОЛЊА ОД 768 КИЛОМЕТРИ ПРЕМИНАЛА НАД ТРИ СОЈУЗНИ ДРЖАВИ ВО САДСателитска снимка од молњата регистрирана во 2020

    Речиси 800 километри долга молња која го осветлила небото над три американски сојузни држави претставува нов светски рекорд, потврдија научниците. Регистрирана во 2020 година, молњата од 768 километри се протегнала преку Мисисипи, Луизијана и Тексас.

    Претходниот рекорд од 709 километри беше регистриран во Бразил во 2018.

    Друга молња од 2020, забележана над Уругвај и Аргентина, постави нов светски рекорд со времетраењето од 17,1 секунда.

    „Ова се исклучителни рекорди. Двата настана се случија во области подложни на интензивни бури кои произведуваат мегамолњи. Тоа биле молњи од облак до облак, стотици метри над површината, па никој не бил во опасност“, изјави Рендал Кервени од Светската метеоролошка организација.

    Молњите ретко надминуваат 16 километри и вообичаено траат помалку од секунда.

    Кервени додава дека во иднина можеби ќе се регистрираат уште поголеми екстреми, благодарение на напредната вселенска технологија за детектирање молњи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира