РЕТКАТА РИБА СОНЧАРКА СНИМЕНА КАЈ ТРПЕЈЦА

    РЕТКАТА РИБА СОНЧАРКА СНИМЕНА КАЈ ТРПЕЈЦАНуркачите од Центарот за подводни активности Акватек ги снимија ретките примероци од рибата сончарка. (Фото: Акватек)

    Во близина на селото Трпејца кај Охрид, нуркачи од Центарот за подводни активности „Акватек“ снимија два примероци на ретката риба сончарка (Lepomis gibbosus). Оваа риба, која во езерските води за прв е евидентирана во 1990-те години, е снимена на 4 метри длабочина.

    Сончарката е снимена на длабочина од 4 метри. (Фото: Акватек)

    Сончарката потекнува од Северна Америка, а во Европа се смета за инвазивна риба, која може да ги надмине другите видови домородни риби. Вообичаено е долга од 10-28 см и тешка до 450 грама. Сончарката живее во топла и чиста вода со многу вегетација.

    Меѓу охридските биолози има различни мислења од каде и како се појави сончарката во Охридското Езеро.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира