РОБОТОТ ОПТИМУС НА „ТЕСЛА“ МОЖЕ ДА ОДИ И ДА МАВТА, НО НЕ И ДА ИЗВРШУВА КОМПЛЕКСНИ ЗАДАЧИ

    РОБОТОТ ОПТИМУС НА „ТЕСЛА“ МОЖЕ ДА ОДИ И ДА МАВТА, НО НЕ И ДА ИЗВРШУВА КОМПЛЕКСНИ ЗАДАЧИИлон Маск претстави рана верзија на хуманоидниот робот Оптимус. (Фото: Тесла)

    Раниот прототип на хуманоидниот робот Оптимус на „Тесла“ полека и незгодно се качи на сцената, се сврте и мавташе кон навивачката публика на вчерашниот настан за вештачка интелигенција на компанијата. Но, основните задачи на роботот со откриени жици и електроника – како и подоцнежната верзија, што требаше да ја носат на сцената тројца мажи – беа далеку од визијата на извршниот директор Илон Маск за робот сличен на човек кој може да го промени светот.

    Маск ѝ кажа на публиката, од која многумина можеби ќе бидат ангажирани од „Тесла“, дека роботот може да направи многу повеќе отколку што се виде. Тој рече дека е и нежен и „едноставно не сакавме да падне на лице“. Маск сугерираше дека проблемот со блескавите демонстрации на роботи е тоа што на роботите „немаат мозок“ и немаат интелигенција да се движат сами, но даде малку докази дека Оптимус е поинтелигентен од роботите развиени од други компании и истражувачи.

    Демонстрацијата не го импресионираше истражувачот на вештачката интелигенција Филип Пиекњевски, кој на Твитер напиша дека е „нови ниво на непријатно“ и „целосна и тотална измама“. Тој рече дека би било „добро да се тестира паѓањето, бидејќи ова нешто многу ќе паѓа“.

    „Ништо од ова не е врвно“, твитна експертот за роботика Синтија Јунг. „Вработи некои доктори на науки и оди на некои конференции за роботика ‘Тесла’“ твитна таа.Јунг се запраша и зошто „Тесла“ избрала нејзиниот робот да има рака слична на човекот со пет прсти, истакнувајќи дека има причина зошто магацинските роботи развиени од стартап фирми користат штипки со два или три прста.

    Маск рече дека синоќа за првпат раната верзија на робот излезе на сцената без врзување. Целта на „Тесла“, рече тој, е да направи исклучително способен робот во големи количини – веројатно милиони на број – по цена што би можела да биде пониска од онаа на автомобил, за која тој претпоставуваше дека ќе биде помала од 20.000 долари.

    Тесла прикажа видео од роботот, кој користи вештачка интелигенција што „Тесла“ ја тестира во своите возила кои возат сосем сами, носејќи кутии и ставајќи метална шипка во нешто што изгледаше како фабричка машина. Но, немаше демонстрација во живо како роботот ги завршува задачите. Вработените ѝ кажаа на публиката во Пало Алто, Калифорнија, како и на оние што гледаа преку пренос во живо, дека работат на Оптимус шест до осум месеци. Веројатно, Оптимус ќе мое да се купи во рок од три до пет години, рече Маск.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира