РОМАНЕЦ ИЗГУБИЛ СУДСКИ СПОР ДЕКА НЕ Е МРТОВ

    РОМАНЕЦ ИЗГУБИЛ СУДСКИ СПОР ДЕКА НЕ Е МРТОВКонстантин Релиу бил прогласен за мртов пред две години, откако семејството долго време немало никаков контакт со него во Турција

    Суд во Романија го отфрлил тврдењето на еден маж дека е жив, откако тој официјално бил регистриран како починат.

    Портпаролката на судот  во североисточниот град Васлиу изјави дека 63-годишниот Константин Релиу го изгубил спорот, бидејќи предоцна вложил жалба. Оваа пресуда била конечна.

    Романските медиуми објавија дека Релиу заминал по работа во Турција во 1992 година и, во меѓувреме, изгубил контакт со семејството во Романија. Откако долго време не слушнала ништо за својот сопруг, неговата жена успеала да добие посмртница за него во 2016 година.

    Турските власти го депортирале Релиу оваа година, откако утврдиле дека му се истечени документите, но кога се вратил дома, тој сфатил дека е прогласен за починат.

    „Официјално сум мртов, иако сум жив. Немам никакви примања, бидејќи сум заведен како починат. Ништо не можам да преземам“, кажа Релиу.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира