РУСИЈА БАРА ОД РЕЖИСЕР ДА ВРАТИ 100 ИЛЈАДИ ЕВРА ОТИ ДОЦНЕЛ 4 ГОДИНИ СО СНИМАЊЕТО ФИЛМ, ТОЈ СЕ ПРАВДА ДЕКА НЕМАЛО СНЕГ

    РУСИЈА БАРА ОД РЕЖИСЕР ДА ВРАТИ 100 ИЛЈАДИ ЕВРА ОТИ ДОЦНЕЛ 4 ГОДИНИ СО СНИМАЊЕТО ФИЛМ, ТОЈ СЕ ПРАВДА ДЕКА НЕМАЛО СНЕГСергеј Дворцевој треба да плати 100 илјади евра затоа што филмот „Ајка“, кој доби награда во Кан во 2018, го снимил со четири години задоцнување. (Фото: АФП)

    Нискобуџетната драма „Ајка“ за самохрана мајка од Казахстан која живее во Москва, стана сензација кога Самал Јесламова ја доби наградата за најдобра актерка во Кан во 2018. Но, Рускиот филмски фонд сега му нареди на режисерот Сергеј Дворцевој да плати 100 илјади евра, затоа што филмот го снимил со четири години задоцнување. Тој, пак, се правда дека доцнел затоа што немало снег, сценографија која му требала за зимските сцени. Јесламова и Дворцевој потекнуваат од Казахстан.

    Дворцевој, кој е и продуцент на филмот, вели дека ги добил парите од Државниот филмски фонд пред да почне снимањето, но дека тие се налутиле оти доцнел четири години со снимањето.

    „Јас сум шокиран, ова е авторски филм и нашите приходи не можат да покријат волку голема казна“, изјави тој за АФП. Тој вели дека снимањето доцнело бидејќи две години во Москва не паднал снег и дека „неговиот квазидокументаристички стил не дозволувал употреба на вештачки снег“.

    „Ајка“ добил 454.601 долар од Филмскиот фонд, што е една четвртина од вкупниот буџет. Според официјалната статистика, краток период играл во кино, го виделе околу 8.000 гледачи, а заработил околу 39.000 долари.

    По успехот во Кан, „Ајка“ беше во потесниот избор за номинација за Оскар за најдобар странски филм, како претставник на Казахстан.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира