Руската верзија на „Мекдоналдс“ в недела ќе ги отвори првите ресторани, а претходно го објави своето лого. Ребрендираниот ланец ресторани ќе биде препознатлив по круг и две линии, кои симболизираат бургер и помфрит.
Руската компанија сè уште не открила како ќе се вика, при што се разгледуваат осум можни имиња.
„Мекдоналдс“ минатиот месец објави дека целосно се повлекува од рускиот пазар како резултат на војната во Украина, при што ги продаде рестораните на еден од локалните застапници, Александер Говор.
Иако за почеток ќе се отворат 15 ресторани во Москва и околните региони, Говор кажа дека планира да го прошири новиот бренд на повеќе од 1.000 локации низ целата земја. Сите ресторани од ланецот треба да се отворат во следните два месеца.
„Мекдоналдс“ го отвори првиот ресторан во Русија на плоштадот Пушкин во Москва во јануари 1990, неколку месеци пред распадот на Советскиот Сојуз и до војната во Украина вработуваше 62.000 луѓе. Компанијата ги затвори сите 850 ресторани во март, пред целосно да се повлече.