САД Ѝ ВРАТИ НА ШПАНИЈА УКРАДЕНО ПИСМО НА КОЛУМБО, СТАРО 525 ГОДИНИ

    САД Ѝ ВРАТИ НА ШПАНИЈА УКРАДЕНО ПИСМО НА КОЛУМБО, СТАРО 525 ГОДИНИВо писмото, Колумбо им кажува на шпанскиот крал и кралица сè за неговото прво патување во Америка, сè уште верувајќи дека е во источна Индија (Фото: Ројтерс)

    По неколкугодишна меѓународна потрага, САД ѝ врати  на Шпанија редок примерок од писмо од Кристофер Колумбо од 1493 година, кое беше украдено од Националната библиотека на Каталонија во Барселона.

    Писмото, упатено до кралот Фердинанд и кралицата Изабела во Шпанија, во кое ги опишува откритијата на научникот во Новиот свет, било едно од 16-те примероци направени во времето на патувањето.

    Украдено од Националната библиотека во 2004, документот беше донесен изминативе денови до шпанскиот амбасадор во Вашингтон, објавија американски официјални претставници.

    Крадците што го зеле писмото го замениле со фалсификат, а измамата беше откриена од експерти во 2012 година по совет од доушник дека уште неколу други примероци биле украдени од архивите низ цела Европа и заменети со стручно изработени фалсификати.

    Откритието предизвика седумгодишна меѓународна истрага што стигна до Париз и Бразилија.

    Инспекторите откриле дека примерокот од Барселона била продаден во 2005 година од италијански продавач на книги за 600.000 евра (708.850 долари), а потоа препродадена во 2011 година за 900.000 евра.

    По долгите преговори, неидентификуван сопственик на писмото од Бразил во 2014 година им го предал на американските власти, кои ангажираа експерти за утврдување на неговата автентичност.

    Во писмото, Колумбо им кажува на шпанскиот крал и кралица сè за неговото прво патување во Америка, сè уште верувајќи дека е во источна Индија.

    Текстот започнува со неговото заминување од Шпанија во август 1492 и завршува кога тој се враќа во Лисабон во март 1493 година, седум месеци подоцна.

    „Навистина сме почестени да го вратиме овој историски важен документ назад во Шпанија, нејзиниот вистински сопственик”, рече американскиот адвокат Дејвид Вајс на церемонијата за враќање на документот до шпанскиот амбасадор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира