САМО МОЕТО ГАЗЕ Е ПРИРОДНО – ИЗБОРОТ НА МИС БУМБУМ ВО БРАЗИЛ ЗАВРШИ СО ТЕПАЧКА

    САМО МОЕТО ГАЗЕ Е ПРИРОДНО – ИЗБОРОТ НА МИС БУМБУМ ВО БРАЗИЛ ЗАВРШИ СО ТЕПАЧКААлине Ува (десно) ја обвини победничката Елен Сантана дека хируршки си го изменила задникот (Фото: Сплешњуз)

    Хаотични и насилни сцени го обележаа последниот избор на Мис Бумбум во Бразил воопшто, откако учесничките се степаа на сцена по обвинувањата за измама.

    Триесет и едногодишната Елен Сантана, која ја претставуваше сојузната држава Рораима, ја освои престижната награда на настанот што се одржа во Сао Пауло, за потоа една од губитничките да се обиде да ѝ ја скине лентата откако ја обвини дека хируршки го изменила своето газе.

    Откако не успеа да се пласира меѓу најдобрите три, Алине Ува (27) се стрча на сцената и ја нападна Сантана, тврдејќи дека таа е „единствениот стопроцентно природен натпреварувач“.

    Бесната Ува, чие газе е пет сантиметри поголемо од она на Сантана, тврдеше дека изборот е саботиран и дека таа требало да победи. Таа исто така освои најголем број гласови од јавноста во пресрет на финалето.

    „Јас ги почитував сите правила и моето газе е единствено стопроцентно природно. Ја зграпчив победничката лента бидејќи јас сум единствената жена која ја заслужува. Јас го претставувам природното бразилско газе, а трите жени кои се пласираа пред мене лажираа. Нивните газиња се чист силикон, тоа е неправда“, кажа Ува.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари