САВА ПЕНЗИСКО ДРУШТВО ДОНИРАШЕ НАД 4,2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ПОДДРШКА НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ И СПОРТИСТИТЕ

    САВА ПЕНЗИСКО ДРУШТВО ДОНИРАШЕ НАД 4,2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ПОДДРШКА НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ И СПОРТИСТИТЕКорпоративната општествена одговорност претставува интегрален дел од начинот на кој работи и функционира Сава пензиско друштво А.Д. Скопје, велат од компанијата.

    Со цел да им помогне на здравствените институции и лекари, Сава пензиско друштво А.Д. Скопје како општествено одговорна компанија изминатата година даде поддршка и донираше над 4.200.000 денари за опрема и директни донации на повеќе здравствени центри и клиники во Скопје, Куманово, Битола, Охрид, Струмица, Прилеп, Тетово и Вевчани, соопшти компанијата. Дел од овие средства беа наменети и за поддршка на спортот и локалните спортски клубови, во насока на промоција на здравиот начин на живот и развој на спортот.

    „Унапредувањето и подобрувањето на условите, како во здравството така и пошироко остануваат во фокусот на нашето работење. За нас како компанија грижата за заедницата во која работиме е еден од главните приоритети. Веруваме дека нашата определба за подобар и поквалитетен живот на луѓето е вистинска формула за заеднички успех“, изјави Петар Талески, член на Управниот одбор.

    Сава пензиско друштво А.Д. Скопје е компанија која редовно секоја година вложува во реализација на проекти, спонзорства и донации, се со цел да го подобри квалитетот на живот на граѓаните.

    „Создавање на долгорочни врски и трајни вредности со општеството во кое работиме е клуч за успех и подобра иднина. Корпоративната општествена одговорност претставува интегрален дел од начинот на кој работи и функционира Сава пензиско друштво А.Д. Скопје“, велат од компанијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира