СЕ ЧУВСТВУВАМ СИЛЕН, ВЕЛИ ПЕЛЕ ОТКАКО БРАЗИЛСКИТЕ МЕДИУМИ ОБЈАВИЈА ДЕКА Е НА ПАЛИЈАТИВНА НЕГА

    СЕ ЧУВСТВУВАМ СИЛЕН, ВЕЛИ ПЕЛЕ ОТКАКО БРАЗИЛСКИТЕ МЕДИУМИ ОБЈАВИЈА ДЕКА Е НА ПАЛИЈАТИВНА НЕГА„Имам голема верба во Бога и секоја порака со љубов која ја добивам од целиот свет ме полни со енрегија“, напиша Пеле на Инстаграм. (Фото: АФП)

    Легендарниот бразилски фудбалер Пеле синоќа на Инстаграм објави дека се чувствува „силен и со надеж“, откако во бразилските медиуми излегоа непотврдени написи дека е сместен на палијативна нега и оти му е прекината хемотерапијата. Лани во септември му беше отстранет тумор од дебелото црево и оттогаш добива стандардна терапија.

    „Сакам да ве смирам сите и да ви дадам позитивни вести. Ја земам мојата стандардна терапија. Сакам да се заблагодарам на целиот медицински персонал за негата која ја добивам. Имам голема верба во Бога и секоја порака со љубов која ја добивам од целиот свет ме полни со енрегија. Како и тоа што го гледам Бразил на Светското фудбалско првенство“, напиша Пеле (82), објавувајќи го медицинскиот извештај од болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло, кој вели оти фудбалерот е во стабилна состојба.

    Пеле го доведе Бразил до победа на Светското фудбалско првенство во 1958, 1962, 1970 и останува еденод најдобрите фудбалери на репрезентацијата со 77 гола на 92 натпревара. Бразил игра против Јужна Кореја утре.

    Претходно и Болницата објави дека Пеле неделава бил хоспитализиран поради лекувањето на ракот на дебелото црево и дека добро го поднесува лекувањето на респираторната инфекција. Неговата состојба не е влошена во последните 24 часа, велат лекарите. Тој бил примен в болница за ре-евалуација на лекувањето на ракот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира