СЕ ПОДГОТВУВА АПСЕЊЕ НА ПРОДУЦЕНТОТ ХАРВИ ВАЈНСТИН ЗА СИЛУВАЊЕ

    СЕ ПОДГОТВУВА АПСЕЊЕ НА ПРОДУЦЕНТОТ ХАРВИ ВАЈНСТИН ЗА СИЛУВАЊЕАктерката Пас де ла Хуерта тврди дека Вајнстин двапати ја силувал во нејзиниот стан во 2010 година (Фото: АП)

    Њујоршката полиција соопшти дека има најцврст случај досега што би можел да доведе до апсење на влијателниот холивудски продуцент Харви Вајнстин, кого десетици жени, главно актерки, го обвинија за сексуално вознемирување и силување.

    Станува збор за сведоштвото на актерката Пас де ла Хуерта, која тврди дека Вајнстин двапати ја силувал во нејзиниот стан во октомври 2010 година.

    „Ова е најсилниот случај што го имаме досега. Изјавите на Де ла Хуерта ги сметаме за кредибилни, затоа што таа даде многу детали за делото, каде била, каде се случило тоа“, изјави шефот на детективите на Њујоршката полиција, Роберт Бојс.

    Јавниот обвинител на Менхетн потврди дека е потпишан налог за спроведување активна истрага за овие обвинувања.

    Триесет и тригодишната Де ла Хуерта изјави дека минатата недела се јавила во полиција за да ги пријави сексуалните напади и оттогаш, таа и нејзиниот адвокат соработуваат со канцеларијата на обвинителот. Де ла Хуерта откри дека по инцидентот почнала да пие и паднала во депресија и сега се надева дека нејзиното сведоштво ќе го одведе Вајнстин во затвор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира