Сè уште актуелната финска премиерка Сана Марин се разведува од сопругот Маркус Раиконен по само три години брак. Тие на своите профили на Инстаграм објавија дека заеднички поднеле барање за развод.
„Благодарни сме за 19-те заеднички години и за нашата сакана ќерка. Ќе останеме најдобри пријатели“, стои во нивните објави на Инстаграм.
Марин и Раиконен се родители на петгодишна ќерка, а се венчаа во 2020 во екот на пандемијата на ковид-19.
Ова следува само еден месец по парламентарните избори на кои што Социјалдемократската партија на Марин беше поразена од десничарската коалиција. Марин потоа објави дека се повлекува од претседателската функција во партијата и ќе остане само пратеничка.
Таа беше најмладиот лидер на светот кога во 2019 стана премиерка на Финска, кога имаше 34 години.