СЕКС ИГРАЧКИ ГО ЗАТВОРИЈА БЕРЛИНСКИОТ АЕРОДРОМ ОТКАКО БИЛЕ ЗАМЕНЕТИ ЗА БОМБА

    СЕКС ИГРАЧКИ ГО ЗАТВОРИЈА БЕРЛИНСКИОТ АЕРОДРОМ ОТКАКО БИЛЕ ЗАМЕНЕТИ ЗА БОМБАПоради „сомнителниот багаж“, терминалот Д на аеродромот „Шенефелд“ беше затворен еден час

    Различни секс играчки, вклучувајќи вибратор, биле заменети за бомба, што довело до делумно затворање на аеродромот „Шенефелд“ во Берлин.

    Вработените на аеродромот вршеле рутинско скенирање на багажот, кога забележале „сомнителна содржина“, соопшти берлинската полиција.

    Бидејќи од првичното скенирање не можело јасно да се утврди што се наоѓа во торбата, беше објавена тревога, што резултираше со затворање на терминалот Д околу 11 часот, додека полицијата го испитуваше сомнителниот товар.

    Сопственикот на торбата беше повикан преку разглас на аеродромот, по што беше испрашан од полицијата.

    „Дали зашто му беше непријатно, тој во прв момент не сакаше да открие што носи во торбата и место тоа, кажа дека багажот содржи ‘технички работи‘“, изјави портпаролот на полицијата.

    По едночасовна истрага, во која беше вклучен и бомбашки одред, властите утврдиле дека станува збор за секс играчки. Терминалот набргу потоа повторно беше отворен.

    Инцидентот се случи истиот ден кога беше евакуиран и аеродромот во Франкфурт, откако на семејство кое било тестирано позитивно на експлозиви по грешка му било кажано дека може да ја напушти сигурната зона.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира