СЕВЕРНА КОРЕЈА ГИ ПРЕЧЕКА ПРВИТЕ СТРАНСКИ ТУРИСТИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА КОВИД ПАНДЕМИЈАТА, РУСИТЕ ПЛАЌАА 700 ЕВРА ЗА АРАНЖМАНОТ

    СЕВЕРНА КОРЕЈА ГИ ПРЕЧЕКА ПРВИТЕ СТРАНСКИ ТУРИСТИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА КОВИД ПАНДЕМИЈАТА, РУСИТЕ ПЛАЌАА 700 ЕВРА ЗА АРАНЖМАНОТРуските туристи ќе го посетат главниот град и ќе одат на скијање (Фото: АФП)

    Група руски туристи пристигна во Пјонгјанг, станувајќи први странци кои влегле во Северна Кореја од почетокот на пандемијата на ковид-19. Авион на „Ер Корјо“ донесе 100 посетители на меѓународниот аеродром во Пјонгјанг, објави руската амбасада на Фејсбук.

    Многу сакав да дојдам тука зашто е можеби најзатвореното место што можете да го посетите“, изјави една туристка.

    Руските туристи прво ќе го посетат главниот град, а потоа ќе одат на скијање. Новинската агенција „ТАСС“ објави дека аранжманот чинел 700 евра.

    Групата вклучува луѓе од сите делови на Русија, од Калининград до Владивосток. Тие ќе останат четири дена во земјата“, кажаа од руската амбасада.

    Северна Кореја повторно ги отвори своите граници во август, по речиси четири години строги ковид мерки.

    Кога го посети Пјонгјанг лани, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров кажа дека Северна Кореја може да се препорача како туристичка дестинација. Како најголеми природни атракции се издвојуваат реката Таедонг и снежната планина Паекту.

    Пред пандемијата, околу 5.000 западни туристи годишно ја посетуваа Северна Кореја.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира